Германската компанија БМЗ го затвора погонот во Македонија, ќе го сели производството во Полска

По ирско-американската компанија Аптив и американската Дура, уште една компанија ја напушта Македонија.

Станува збор за германската компанија БМЗ, која произведува литиум-јонски батерии во зоната “Бунарџик“ во скопски Илинден, а влезе на македонскиот пазар во 2024 година.

Таа до крајот на годинава ќе го затвори погонот и ќе го сели производството во Полска.

Информацијата за телевизија Телма ја потврдија и од компанијата и од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

Во погонот работат 89 работници, кои се информирани за одлуката.

Преносот на производството ќе се случи во фази помеѓу август и декември 2026 година.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за телевизијата велат дека инвеститор кој подолго време работи во земјава сака да преземе дел од вработените на БМЗ, но не откриваат за кого станува збор. Од таму велат и дека деновиве во Македонија ќе дојде друг странски инвеститор од Европска унија со кој ќе се разговара да го преземе погонот на БМЗ, без да откријат повеќе детали.

Фото: БМЗ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести