Алмир Даути назначен за в.д. директор на гостиварски “Комуналец“, на местото на Артана Асани, која заврши во притвор

Алмир Даути е назначен за нов в.д. директор на јавното претпријатие (ЈП) „Комуналец“ Гостивар, откако в.д. директорката Артана Асани, заврши во притвор поради загадената вода во гостиварскиот водовод.

Даути има 49 години и над 15 години работи во ЈП “Комуналец“ Гостивар.

Последниве седум години, како што информираа од Општината раководел со Одделението за комерција во јавното претпријатие.

Тој е дипломиран економист.

Заедно со Асани во притвор завршија и двајца раководители во јавното претпријатие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Гостивар има ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања

Каков имот пријавила Артана Асани, директорката на „Комуналец“ Гостивар, која заврши во притвор

Која е Артана Асани, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, која ќе одговара за тешки дела против животната средина и природата

Фото: Фејсбук/Даути

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести