По епидемијата од загадената вода во градскиот водовод во Општина Гостивар постои ризик од хепатит А и Е, како и на други заразни заболувања што може да се појават како последица на истата.
Затоа Министерството за здравство до сите јавни здравствени установи и матични лекари ќе достави соодветни упатства за навремено следење, информирање и рано препознавање евентуални случаи на овие заболувања, информираа од таму.
По консултација со Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство донело одлука и за воведување засилен здравствен надзор во постакутна епидемиолошка фаза.
-Паралелно, Министерството спроведува сеопфатна анализа и евалуација на текот на епидемијата и на настанатата состојба. Анализата го опфаќа системот за пријавување, како и актуелните и ретроспективните податоци собрани преку системот Мој Термин.
Целта е да се утврдат можностите за дополнително унапредување на системот и да се зајакне неговото навремено и ефикасно функционирање, велат од таму.
Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Според податоците од претходните години, просечно во текот на јули, во Гостивар биле пријавувани по 25 заразени лица.
Во моментот се евидентирани вкупно 869 формални пријави, а досега е спроведена епидемиолошка анкета со 622 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гостиварци од денеска можат да се капат и да мијат садови, водата уште не е за пиење и за готвење
Водоводниот систем во Гостивар ќе се хиперхлорира, а водата секојдневно тројно ќе се тестира
Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели
Фото: МЗ














