Легендите на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, на 16. август ќе настапат во Струмица како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“, информираа денеска од Владата и Авалон продукција, кои се организатори на манифестацијата.
Тие ќе натапат во Градскиот парк, а влезот е бесплатен.
Германскиот диџеј Paul van Dyk е еден од најуспешните и најпочитувани диџеи и продуценти на сите времиња, пионер на транс жанрот, добитник на бројни меѓународни признанија и артист кој повеќе од три децении е меѓу најзначајните имиња што ја обликуваа и сеʼ уште ја обликуваат светската електронска музичка сцена.
Британскиот диџеј Paul Oakenfold, пак, е еден од пионерите на транс музиката заслужен за нејзината глобална популаризација, благодарение на неговите соработки со имиња како Madonna, U2, The Rolling Stones, Michael Jackson, The Cure и многу други.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Концертот на Дејвид Гета во Скопје распродаден за 12 часа
На 1. септември бесплатен концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас и македонски музички ѕвезди














