Електронскиот систем за прекршоци „Безбеден град“ почна да функционира во дел од Општина Деберца, на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа.
Информацијата ја соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде велат дека камерите на “Безбеден град“ наскоро ќе почнат да работат и на сообраќајниците во Охрид и регионот.
Таму уредите се веќе поставени и привршуваат нивната техничка проверка и тестирања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Безбеден град“ наскоро ќе казнува и странски државјани
Во Велес се инсталираат камери на „Безбеден град“
„Сејф сити“ и во Струмица до крајот на годинава
Фото: МВР














