Бесник Џемаили е новиот заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
На оваа позиција ќе остане шест месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесник Џемаили избран за заменик-претседател на Антикорупциска
Доаѓа на местото на другиот член на Антикорупциска, Софија Спасова Медарска.
Кој е Џемаили
Роден е на 15.04.1984 година во Тетово.
Во 2017 година положил нотарски испит.
Во 2007 година дипломирал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
Средно училиште завршил во СУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Зборува и англиски јазик.
Работно искуство
Во ДКСК работи од 2010 година.
Моментално е советник, бил член на Прекршочната комисија при ДКСК, се уште е заменик-претседател на УПОЗ при ДКСК, а бил и помлад соработник за евидентирање на случаи на судир на интереси при Секретаријатот при ДКСК.
Претходно во периодот од декември 2008 година до март 2010 година бил помлад соработник во
Секретаријат за спроведување на Рамковен договор при Владата на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Софија Спасова Медарска, новиот заменик-претседател на Антикорупциска
Фото: Унсплеш














