Хакиран мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски

Хакиран е службениот мејл на главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Информацијата со јавноста ја споделија од Државниот завод за ревизија, од каде велат дека електронска адреса – [email protected] била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испратени неовластени пораки.

-Ве молам да ги игнорирате и избришете сите сомнителни пораки испратени од оваа адреса во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи информации. 

Доколку сте кликнале на линк или сте внеле податоци, ве молам веднаш променете ја лозинката на вашата електронска пошта и известете ја вашата ИТ-служба.

Нашата ИТ-служба навремено реагираше, сметката е обезбедена и преземени се сите потребни мерки за спречување на понатамошна злоупотреба.

Воедно Ви препорачувам променета ја вашата лозинка, стои во изјавата на Ацевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу пријавиле ревизорот Ацевски и претседателот на Собранието, Гаши: Функционерите можат во Антикорупциска да пријават какви подароци добиле

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести