Алта банка Битола во првото полугодие со загуба

Алта банка АД Битола во првите шест месеци од годинава остварила нето-загуба во износ од 20,42 милиони денари, наспроти добивката од 33,62 милиони денари остварена во истиот период од минатата година, соопшти Банката преку Македонската берза.

-И покрај тоа што станува збор за остварена загуба, Банката е во рамките на планот за 2026, односно Банката остварила значително помала загуба од планираната за 73%, односно 54,45 милиони денари.

Планираниот и реализираниот негативен финансиски резултат се должат на прудентна политика во одобрувањето нови кредитни изложености, со цел зголемување на квалитетот на кредитното портфолио со фокус на поголема наплата на кредитите и решавање на нефункционалното портфолио, што се одрази на состојбата на кредитите и остварените приходи од работењето.

Исто така стратегијата на Банката за раст и развој предвидува зголемување на трошоците на Банката, посебно во делот на човечките ресурси, што влијае на порастот на трошоците на Банката, велат од таму.

Нето-приходите од камата се пониски за 18,43 милиони денари или за 9,84% во однос на истиот период од претходната година.

-Во однос на планот на Банката, нето-приходите од камати се пониски за 1,62%, односно 2,78 милиони денари.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 29,21 милиони денари, па во однос на истиот период од минатата година, пониски се за 3,48 милиони денари, односно 10,65%.

Помалата реализација главно се должи на намалените приходи од провизии од кредитирање и провизии од платниот промет на Банката. Во однос на планот, кај нето-приходите од провизии се забележува послаба реализација на планот, односно тие се пониски за 65,02% во однос на планот, односно 54,29 милиони денари.  

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 10,29 милиони денари и, споредено со минатата година, бележат раст од  16,94%, додека во однос на планот се пониски за 12,79%, велат од таму.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 0,16 милиони денари, односно 1,36% во однос на истиот период од минатата година, и тоа како резултат на наплатени претходно отпишани побарувања, посочуваат од таму.

-Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 39,41 милиони денари, што претставува значително подобро остварување во однос на планот со којшто Банката проектирала дополнителни исправки во износ од 27,43 милиони денари, додека во однос на истиот период во 2025 година, ослободувањата на исправките на вредност се зголемени за 33,07 милиони денари.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа изнесува 34,61 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ.

Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа се повисоки од минатогодишните за 19,12 милиони денари како резултат на евидентирање на оштетувањата на средствата што се преземени во 2025 година.           

Трошоците за вработените бележат зголемување од 23,52 милиони денари, односно за 27,2% споредено со претходната година како резултат на Стратегијата на банката за раст и развој, велат од таму.

Трошоците за вработените се пониски од планираните за 3,63%, односно 4,15 милиони денари.

-Останатите расходи од дејноста се повисокиза 25,47 милиони денари, односно 31,45% во однос на претходната година, додека во однос на планот тие се пониски за 15,28% или 19,2 милиони денари.

Амортизацијата во однос на 2025 година е намалена за 1,26 милиони денари, односно 4,21%, а во однос на планот е пониска за 7,02 милиони денари или 19,65%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта банка Белград купи нови акции на Алта банка Битола

Како работела лани Алта банка Битола

Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта банка Белград, која е сопственик на Алта банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести