Од Министерството за здравство информираа дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.
На 31. јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18. јули, кога беиле евидентирани 649 прегледи.
Од 14 до 31. јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.
Во однос на западно-нилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи.
На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор, велат од таму.
Фото: МЗ














