Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се врати во Битола откако беше во Србија

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се врати во Битола откако беше во Србија.

За него во тек е судски процес за набавки во РЕК Битола, а како што изјави неговиот адвокат Марјан Николоски бил во Србија по работа. Таму има фирми и имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работат фирмите на Борче Марковски во Србија и Македонија

Тој е во фокусот на јавноста откако од страна на Основниот суд Струга го доби назад пасошот со гаранција од над 5 милиони евра во недвижности, по што беше во Србија.

Николоски за Сакам да кажам вели дека од вчера тој е во Битола.

-Тој е веќе во Битола, ги заврши обврските во Србија. Чекаме да почне судењето за да ги расчистиме работите. Ние не бегаме од судење, вели тој меѓу друго за порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола

Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски

Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести