ЗК Пелагонија со зголемена добивка во првото полугодие

ЗК Пелагонија АД Битола во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 53.237 илјади денари и иста е зголемена за 17% во однос на истиот период минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Друштвото остварило оперативни приходи од 306.970 илјади денари и истите се намалени за 9% во однос на истиот период лани.

-Во структурата на оперативните приходи најголемо е учеството на приходите од продажба кои што учествуваат со 70,24% во вкупните оперативни приходи.

Приходите од продажба се намалени 16% во однос на претходната година, односно намалувањето во апсолутен износ изнесува 40.674 илјади денари, велат од таму.

Оперативните расходи изнесуваат 454.700 илјади денари, и се повисоки за 3%, во споредба со лани, како резултат на зголемените цени на горивата на светските берзи и зголемените цени на вештачките ѓубрива, велат од таму.

Во овој период Друштвото има финансиски приходи од 129 илјади денари, додека финансиските расходи изнесуваат 15.014 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со драстичен раст на добивката лани

Јове Кекеновски влезе во Одборот на директори на ЗК Пелагонија, Селаудин Арифи отповикан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести