Настаните по повод Светската недела на доењето, кои започнаа на 1. август со онлајн активности, од денес (4. август) продолжуваат во хотел „Мериот“ во Скопје со богата едукативна програма организирана од „Бебелогија – Школo за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“.
Како поддржувач на иницијативи што придонесуваат за едукација и поддршка на семејствата, dm и оваа година е дел од настанот со свој штанд, каде посетителите ќе можат да се запознаат со производите од dm марките наменети за мајки и бебиња.
За сите посетители, dm обезбедени и пригодни подароци, како дополнителен знак на внимание и поддршка. За присуство на предавањата и интерактивните работилници потребна е претходна пријава на мејл адресата: [email protected], а бројот на места е ограничен.
Светската недела на доењето традиционално се одбележува од 1 до 7. август под мотото „Доење за одржлив почеток на животот: да го зајакнеме она што докажано функционира“, со цел да се подигне свеста за важноста на доењето, да се поттикне информираноста за неговите придобивки и да се обезбеди стручна поддршка за идните и сегашните родители.
Првите три дена од програмата беа посветени на онлајн активностите „Поддршка за доењето“, преку кои беа споделувани инспиративни доенечки приказни и искуства на социјалните мрежи.
Од 4 до 6. август, програмата продолжува со физичко присуство во хотел „Мериот“, каде посетителите имаат можност да проследат предавања и интерактивни работилници со домашни и меѓународни експерти.
Темите опфаќаат доење во првите денови по породувањето, лактација, исхрана на мајката и бебето, придобивките од мајчиното млеко, поддршката на родителите на предвремено родени деца, како и развојот на детето и најчестите предизвици со кои се соочуваат мајките во периодот на доење.
Во рамки на програмата ќе се одржат и интерактивни работилници, а свое предавање ќе има и интернационалната експертка Кетрин Вотсон Џена, која е меѓународно сертифициран консултант за лактација (IBCLC).
Целосната програма со распоредот на сите предавања и работилници е достапна на следниот линк.
Одбележувањето на Светската недела на доењето ќе заврши на 7. август со онлајн активности под мотото „Зајакнување на она што докажано функционира“, преку кои ќе бидат споделени едукативни видеа, корисни совети и материјали за преземање на социјалните мрежи @doenje_so_ljubov и @bebelogija.
Со учеството во Светската недела на доењето, dm продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за едукација, информирање и поддршка на родителите, со цел да се поттикне поголема грижа за здравјето и благосостојбата на мајките, бебињата и нивните семејства.
ПР-објава














