Момчето кое се повреди на тобоган во Турција се лекува на ТОАРИЛУЦ, има сериозни повреди на ‘рбетниот столб

Младото момче кое се здоби со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси, е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, Игор Мерџановски.

Момчето со повредило на 23 јули, при што бил опериран во болница во Кушадаси, каде што бил задржан на лекување. По барање на турските лекари и поради сериозноста на повредата, бил организиран воздушен медицински транспорт со владин авион.

„Од колегите беше побарано пациентот да биде транспортиран по воздушен пат поради сериозноста на повредата и потребата од брз транспорт,“ додаде Мерџановски.

Тој посочи дека во Турција бил испратен медицински тим предводен од раководителката на КАРИЛ, Марта Тренева, кој го презел пациентот и го придружувал при транспортот до Скопје.

„Пациентот е во здравствена состојба што бара интензивно лекување. Ја разгледавме медицинската документација и можам да кажам дека операцијата извршена во Турција е задоволителна и добро направена. Повредите на рбетниот мозок се меѓу најсериозните повреди,“ рече Мерџановски.

Тој најави дополнителни испитувања и понатамошна рехабилитација, вклучително и физикална терапија во спиналниот центар во земјава. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче од Македонија скршило вратен пршлен во Турција, ќе биде донесено дома утре со владиниот авион

Фото/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести