Најмногу заболени со западно-нилска треска има во Драчево, повеќето се мажи

Најголем број случаи на западно-нилска треска се регистрирани во скопската општина Кисела Вода, особено на подрачјето на населбата Драчево, како и во Општина Гази Баба, со концентрација во руралните средини, информираат од Институтот за јавно здравје.

Како што е познато во Македонија годинава досега има 26 случаи на западно-нилска треска, а најголемиот дел од нив се регистрирани минатиот месец.

Едно лице почина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви симптоми имал починатиот маж од западно-нилска треска: Детали од ИЈЗ

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 24 се водат како потврдени, а два како веројатни.

25 случаи се од Скопје, а еден од Велес.

Регистрирани се 25 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 20 се машки, а шест се женски.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 22, а четири се лица на возраст од 50-59 години.

Просечната возраст изнесува 66,6 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку лица во Македонија досега починале од западно-нилска треска

Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна болест (енцефалитис и/или менингитис) и сите биле хоспитализирани – 25 во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во Аџибадем Систина.

Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 17 е регистиран во месец јули. Кај шест случаи почетокот на симптомите е во август, два во јуни, а кај еден случај во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Илинден, Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести