МВР повика на разговор две лица кои ширеа шпекулации за скопската вода, истрагата е во тек

Министерството за внатрешни работи (МВР) повикало на разговор две лица кои започнале да ги шират дезинформации дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вчера на прес-конференција истакна дека имал сознанија дека меѓу граѓаните ќе биде раширена таква паника.

Тој додаде дека дезинформацијата најпрво била објавена од жена после полноќ на 12. август.

Од МВР најавуваа повеќе детали за истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, вели Ѓорѓиевски по шпекулациите за присуство на бактерија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести