Чини 1,6 милиони евра: Се гради паркинг за пратениците и службените возила

Позади македонското Собрание се гради паркинг за возилата на пратениците и за службените возила.

Просторот досега беше див паркинг.

Тендерот за изградба и уредување го доби Стентон градба ДОО од битолското село Долно Оризари, а ќе бидат потрошени 101.951.456 денари или околу 1,6 милиони евра.

Договорот објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки предвидува да се отстрани постечкиот асфалт, да се постават гранитни плочки, да се изведат патеки и паркинг места, да се засадат дрвја и да се постави урбана опрема и осветлување.

Треба да се направи и нова портирница и да се набави и постави систем за влез и излез од паркингот.

Претходно овде се планираше изградба на катна гаража.

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести