Денеска продолжи судењето за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, а на истото професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице, меѓу друго кажа дека сунѓерот за акустичната изолација во објектот бил целосно изгорен и дека вештаците неможеле да најдат остатоци, а ги барале со часови.
Посочи и дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер, а доказ за тоа биле фотодокументацијата, снимки од објектот, наодите од другите вештачења, како и трагите пронајдени во “Пулс“.
Токму користењето на ваков материјал, како што посочија и други сведоци во текот на судењето, придонесе пожарот брзо да се рашири низ објектот.
Од друга страна пак тој меѓу друго посочи и дека преградните ѕидови од гипскартонски плочи во објектот ја исполнувале потребната пожарна отпорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите градежни зафати во „Пулс“ биле нелегални
Фото: Игор Бансколиев














