И кај мртов гавран во Скопје е потврдена западно-нилска треска, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
Оваа е прв ваков случај во Македонија.
Како што веќе пишуваше периодов еМагазин, вирусот го пренесуваат комарците и дивите птици. Тој не се пренесува од човек на човек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска
Периодов граѓани на социјалните мрежи информираа за угинати диви птици во урбаниот дел на скопско, а пријави за вакви случаи имаше и до Агенцијата за храна и ветеринарство.
Онаа што е важно да знаете, е дека не треба да ги допирате овие угинати птици, туку за тоа да ги информирате надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 14 години во Македонија од западно-нилска треска починале 5 лица, годинава веќе има 4 починати
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: Унсплеш














