Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2026 година изнесувала 48.381 денари, а бруто 72.785 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 6.4%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1% и Транспорт и складирање за 8%.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9%, Уметност, забава и рекреација за 6.2%, и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9%.














