(Фото) Исчезнат е 83-годишниот Трајан Георгиевски од Скопје, семејството бара помош

83-годишниот Трајан Георгиевски од Скопје е исчезнат, а семејството бара помош.

Од неговиот дом во скопска Кисела Вода, се упатил кон кулите кај Расадник, по што му се губи трагата.

Неговиот мобилен телефон е исклучен, а семејството интензивно трага по информација за тоа дали некој од граѓаните го видел на местата каде што обично се движи.

Информирана е полицијата, пријавено е исчезнувањето.

Секој кој што има каква било информација нека се јави на 075/327-019; 078/813-202.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести