Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ во Кавадарци, каде што екипите работеа во текот на целата ноќ во неговото целосно гаснење.
„Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина.
Надлежните институции мора да го истражат случајот до крај. Оние што намерно го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните мора да одговараат,“ вели Јанчев.
Фото/Општина Кавадарци














