Гавран со западно-нилска треска кај Драмски театар, први случаи на зараза во северниот и североисточниот дел на Скопје

Новите случаи со западно-нилска треска доаѓаат од северниот и североисточниот дел на Скопје, што до сега не било забележно, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој рече дека уште еден гавран бил позитивен на западно-нилска треска, а птицата била пронајдена во Општина Карпош, во близина на Драмскиот театар, што е трет регистриран позитивен гавран.

Клековски ги повика граѓаните да не пријавуваат целосно распаднати птици, бидејќи од нив не може да се направи тестирање. Наместо тоа, апелот е вниманието да биде насочено кон мртви гаврани, особено надвор од Скопје.

Во земјава досега се евидентирани 55 случаи на западно-нилска треска, од кои 53 се лабораториски потврдени, а два се сè уште непотврдени.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се лекуваат 19 пациенти.

Досега смртноста од ова заболување изнесува 11,5%. Просечното болничко лекување трае 14 дена, при што најдолгиот престој бил 29 дена, а најкраткиот осум дена.

Најголем број пациенти на Клиниката биле регистрирани на 12. август, кога имало 24 хоспитализирани, а најголемиот број хоспитализации биле забележани во периодот од 3 до 24. август.

Меѓу пациентите има значително повеќе мажи – четири пати повеќе од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

Во периодот по 24. август, има помалку регистрирани случаи во споредба со изминатите три недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годинава веќе шест починати од западно-нилска треска, во последните 15 години во Македонија имало пет

Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести