Култните скопски хотели “Бристол“ и “Јадран“, кои неодамна “Македонијатурист“ АД Скопје ги стави на продажба, имаат нов газда.
Како што објави Призма, нивниот нов сопственик е фирмата „ГМ проперти“, а според порталот „Бристол“ е продаден за околу 1,9 милиони евра на 25. јули, а три дена подоцна за иста сума е продаден и „Јадран“, објект кој е под државна заштита поради неговите архитектонски вредности.
Според Призма фирмата има куса и скромна деловна историја, а лани немала ни денар приход, но и дека има врски со поранешен акционер на “Македонијатурист“.
Целата сторија ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














