Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје е најтргуваната на Македонската берза во август, покажува месечниот билтен на Берзата.
Со неа е остварен промет од 108,7 милиони денари.
Втора е акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 50,7 милиони денари, а трета акцијата на НЛБ Банка АД Скопје, со која е остварен промет од 19,4 милиони денари.

Во Топ 5 се и акциите на Гранит АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.














