27-годишен маж од Македонија убиен во Германија

Маж на возраст од 27 години по потекло од Радуша бил убиен во населбата Нојкелн во Берлин, Германија, пренесуваат тамошните медиуми.

Убиството се случило вчера во утринските часови.

Во него биле испукани повеќе куршуми, а обидот на екипите на Итната помош да го спасат бил неуспешен и тој починал на лице место.

Како што пренесуваат германските медиуми, тој бил следен од двајца мажи кои пукале во него, по што побегнале.

Тие засега не се пронајдени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести