(Фото+Видео) Скопје синоќа звучеше светски: Дејвид Гета со спектакл за паметење

Настапот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета на стадионот „Тодор Проески“, направи Скопје да звучи светски, а во тоа му помогна публиката од сите генерации.

Во партер пред сцена најмногу имаше млади, кои совршено му парираа во неговата уникатна диџејска комуникација со публиката, поради која овој диџеј веројатно е еден од најбараните на светската музичка сцена.

Визуелните ефекти гледачите ги „фрлаа во дилириум“ и не се знаеше кој повеќе ужива, дали публиката или Дејвид Гета поради фидбекот кој го доби од истата.

„Ви благодарам многу, ќе бидам искрен не знаев што да очекувам кога дојдов во Македонија, не можев да замислам дека ќе си поминам прекрасно,“ рече Гета.

Пред Гета, настапија диџеј Никифор кој е едно од најпрепознатливите имиња на македонската електронска сцена, како и SEMPRE е една од свежите сили на македонската електронска сцена-колектив кој го сочинуваат Delovski, InvictoZ, Flowzy и Blu.

Настапот беше организиран по повод 35 години независна и суверена Македонија, под обезбедување кое речиси не се памети за на концерт.

Иако картите за концертот беа експресно распродадени, мал дел од капацитетот на стадионот остана празен.

Фото/Видео: eМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести