Прв случај во Свети Николе: На 58 се зголеми бројот на заболени со западно-нилска треска

Заклучно со 8. август, во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 54 се водат како потврдени, а четири како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес, Куманово и Свети Николе.

Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 46 или 79,3% се машки, а 12 или 20,7% се женски.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 47 (81,0%), седум се лица на возраст од 50-59, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,1 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто сите починати од западно-нилска треска се мажи?

Каде има заболени со западно-нилска треска: Детален преглед

Еден од починатите од западно-нилска треска немал други заболувања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести