Ќе има можност да си откупите до две години стаж за пензија: Кои услови треба да ги исполните?

Македонските граѓани ќе добијат можност за откуп до две години стаж за пензија, најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

За да можете да го направите тоа првенствено ќе треба да имате 13 години работен стаж, и повеќе да не сте активни осигуреници на пазарот на трудот.

Како што е познато законскиот минимум е 15 години.

Можноста ќе биде достапна за жени на возраст од над 62 и за мажи над 64 години.

За месеците кои им недостигаат до законскиот минимум граѓаните ќе треба да го подмират товарот за пензиското осигурување, а основицата за пресметка нема да биде цела, туку половина од просечната плата за претходната година.

Тој објасни и како тоа практично би изгледало.

-Доколку станува збор за година во која просечната плата изнесувала 45.000 денари нето, придонесот од 19,9% ќе се пресметува на 22.500 денари помножен по бројот на месеци што им недистигаат, рече тој.

Откако ќе се изврши уплатата за стажот што недостасува, висината на пензијата ќе се утврдува според стандардната законска формула, односно врз основа на примањата кои осигуреникот ги имал во текот на годините кога бил работно ангажиран.

За оваа можност веќе има законско решение и е во владина процедура.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести