Уште една кривична за Мерко

Поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко (69) од Струга, заработи уште една кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Со истата се опфатени уште две лица – А.Б. (40) од Струга и Н.Р. (57) од Поум, вработени во Општината.

Истата од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга ја добија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.

Второ и третопријавениот, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко

Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази

Условна казна за Мерко за незаконско поставување директори

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести