Во Њујорк, Мицкоски и Рубио разговарале за продлабочување на билатералните односи

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк се сретнал со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.

Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности,“ информираше Мицкоски.

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести