Жена на возраст од 70 години, државјанка на Германија синоќа била пронајдена почината во хотел во Охрид.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, се работи за Б.Х.К., која била сместена во хотел на кејот “Македонија“.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Нејзиното тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














