Ана Стојаноска од Струга со песната „Идната јас“ ќе ја преставува Македонија на Јуниор Евросонг 2026, кој годинава ќе се одржи во Малта на 24. октомври.
Таа ќе настапи заедно со танчарките Калина, Каја и Елена.
За кореографијата е задолжен Илија Карадакоски, а македонската делегација ја предводи шефот на делегацијата, Дијана Гогова.
Автор на музиката е Николче Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски.
Видеото е во продукција на Македонската радио телевизија.














