Какви компетенции ќе им бидат потребни на контролерите во ерата на вештачката интелигенција, како технологијата ги менува финансиските функции и на кој начин компаниите можат подобро да ги претворат податоците во деловни одлуки? Овие прашања ќе бидат разработувани на 7. Германско-македонска конференција за контролинг, која ќе се одржи на 30 септември во Скопје.
Под наслов „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и преквалификација“, конференцијата ќе отвори прашања за примената на технологијата, управувањето со ризиците и развојот на вештините на контролерите. Програмата опфаќа две стручни предавања, три панел-дискусии и време за разговор и поврзување со говорниците и учесниците.
Проф. д-р Мајк Шулце од CBS International Business School во Мајнц ќе го одржи предавањето „Иднината на контролингот: компетенции што го движат деловниот успех“. Во интервју за германскиот FINANCE, Шулце ги издвојува комуникацијата, критичкото размислување, приспособливоста и етичкото расудување како сѐ поважни вештини со растечката улога на податоците, автоматизацијата и вештачката интелигенција во финансиите.
Со воведно обраќање ќе учествува и проф. д-р Роналд Глајх, академски директор на Centre for Performance Management & Controlling при Frankfurt School of Finance & Management. Проф. д-р Иван Шверко од PBZ Invest, Хрватска, ќе одржи предавање за управувањето со ризиците во функција на контролинг-професиите во 2027 година.
Панелот „Сметководство, контролинг и технологија во 2027 година“ ќе ги обедини Весна Прентоска од ИСОС, Михајло Борозанов од Макпетрол, Диме Галапчев од FinqUP, Анета Антова-Пешева од УЛТРА и Александар Николов од УЈП. Разговорот ќе го модерира Драган Илиевски од Fila Group.
На панелот „Контролинг во банкарството и осигурувањето“ ќе учествуваат д-р Беркан Имери од Халкбанк, проф. д-р Горан Василев од Динерс клуб Македонија, проф. д-р Иван Шверко од PBZ Invest и д-р Мирјана Трајановска од Стопанска банка АД Скопје. Модератор ќе биде Владимир Давчев од Халкбанк.
Искуствата од производствениот сектор ќе ги претстават Ѓорѓи Тренкоски и Дарко Котевски од Kromberg & Schubert и Панда Грозданова Јанева од KOSTAL на панелот „Контролинг во фабриките“. Панелот ќе го модерира проф. д-р Синиша Наумоски, генерален менаџер на Хајделберг Факултет во Скопје.
Конференцијата се реализира во партнерство со Стопанската комора, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија – AHK, АБИТ – Академијата за банкарство и информатичка технологија, Centre for Performance Management & Controlling при Frankfurt School of Finance & Management и Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС. Во соработката се вклучени и други стопански комори, меѓу кои Стопанската комора на Северозападна Македонија.
На отворањето ќе се обратат проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Управниот одбор на Хајделберг Факултет во Скопје, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии, Елена Петрова, директорка на УЈП, Весна Прентоска, претседателка на ИСОС, и претставник на AHK.
Настанот ќе се одржи од 09:30 до 16:00 часот во просториите на Хајделберг факултет во Скопје.
Пријавувањето е отворено до 29. септември 2026 година, а бројот на места е ограничен.
За информации и пријавување, погледнете ја целосната програма: 7-ма Германско-македонска конференција за контролинг.
Промотивна објава














