еМагазин
Image default
Спорт

Работата на Македонската триатлон федерација признаена со престижна награда од Европската триатлон унија

Во Даблин, Ирска, по четврти пат беше организирана специјална Гала вечер од страна на Европската Триатлон Унија. Истата беше целосно посветена на спортот и на лицата кои придонесуваат кон неговиот развој.

Истакнувајќи го секој аспект од спортот и триатлонот, на официјалната вечера се обратија Лохлан Валш, претседател на Триатлон Ирска, и Ренато Бертранди, претседател на Европската триатлон унија. Тие ја изразија својата најдлабока почит кон секој кој се вклучува во спортот и кој придонесува кон неговиот развој, посебно триатлонот.

Затоа од посебно значење беше наградата која беше доделена на Македонската триатлон федерација за својата целокупна работа, посебно одлично организираното ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид во 2018 година.

На МТФ беше доделена наградата за „Најистакната национална федерација за 2018 година“.

Истата ја прими Иван Михајловски, претседател на МТФ, кој порача дека ќе продолжат со својата работа и дека за 2019 година веќе го подготвуваат Европскиот јуниорски триатлон куп.

Покрај МТФ награди добија и триатлон организацијата од Франција, Андреас Галанос, Глазгов како град кој најмногу придонел кон популарноста на триатлонот, Вики Холанд, Марио Мола и Елисе Марк.

Свеченоста беше совршено заокружена со раната утринска Претседателска трка низ улиците на Даблин каде претседателите на триатлон организациите трчаа по мирните улици на градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Летните олимписки игри во Париз ќе бидат први кои ќе се отворат надвор од стадион

Редакција

(Видео) „Фиќо“ против тенк: Победата на Македонија над Германија инспирација за анимиран филм

Редакција

Данска е светски првак во ракомет

Редакција