Каков имот пријавил Али Ахмети, кој е реизбран за претседател на ДУИ

Али Ахмети останува претседател на опозициската ДУИ. Тој вчера беше реизбран на позицијата на партиски Конгрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети е реизбран за претседател на ДУИ

На оваа позиција е дури 23 години, од основањето на партијата.

На позицијата потпретседател останува и Бујар Османи.

За потпретседатели се избрани и Фатон Ахмети, Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Биљали-Зендели.

Ахмети е актуелен пратеник. еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во Зајас, од наследство и неколку парцели градежно изградено земјиште во Мидинци, исто така од наследство.

Пријавил неколку парцели градежно изградено земјиште и во Зајас, исто така од наследство и денационализација.

Недвижен имот во Зајас и во Мидинци, пријавил и на име на децата.

На свое име од наследство пријавил и земјоделско земјиште во Албанија.

На свое име нема возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Али Ахмети прв на оро на свадба во Кичево

Ахмети кој е претседател на ДУИ дури 23 години, не планира да се повлече

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести