Ако немаме помош од родителите, не можеме да имаме успех: Министерката Јаневска за насилството помеѓу малолетниците

За новиот случај на насилство помеѓу малолетнички во скопско Ѓорче Петров, кој ја згрози јавноста, е запознаена и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шестооделенка од Ѓорче Петров брутално малтретирана од три девојчиња, ја гореле и со цигари

Таа денеска информираше училиштето каде учела шестооделенката веќе постапило, а освен во полицијата, случајот бил пријавен и во социјалните служби.

Министерката апелираше родителите повеќе да внимаваат и повеќе време да минуваат со своите деца.

-Сите ние одговорни институции може да правиме се како што треба, но ако немаме помош од родителите, не можеме да имаме успех. Ќе имаме одреден процент успех, но клучна улога имаат и родителите, рече таа меѓу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!

Ново насилство помеѓу малолетнички: 15-годишна девојка во Скопје физички нападната од три малолетнички

(Вознемирувачко видео) Малолетничка од Штип неколку пати тепана од врснички, насилството го снимале други деца

Фото: МОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести