
(Видео) Нов случај на врсничко насилство во Куманово: Три девојки влечат за коса друга девојка, ја удираат и ја клоцаат
Нов случај на врсничко насилство се случи во Куманово, за што сведочи видеото на новинарката Лиридона Вејсели објавено на нејзиниот Фејсбук-профил. Три девојки, вршат насилство врз друга, ја влечат за коса, ја теглат по раце, ја удираат и клоцаат. Полицијата постапува по случајот. Видеото може да се погледне ОВДЕ.




























