
(Фото) Македонија ги покажа новите лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец денеска беа претставени новите лесни оклопни возила од типот „страјкер“. Станува збор за 17 возила, набавени од САД, за модернизација на македонската Армија. Набавката на вкупно 54 возила „страјкер“ е во вредност од 210 милиони долари, а истата беше одобрена од американскиот Стејт


























