21-годишно момче синоќа со возило „киа“ усмртило пешак во селото Марино, Општина Илинден.
Пешакот, О.М. (52), од Марино, починал на лице место, а момчето А.А. од истото село било уапсено и задржано во Полициската станица Гази Баба, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
Несреќата се случила на улицата „500“ во Марино.
Телото на починатиот е дадено на обдукција, а возилото е одземено за вештачење.














