Цената на плинот намалена за пет денари

Цената на плинот од денеска се намалува за пет денари, а новата ќе биде 54 денари за литар.

Тој претходно се продаваше за 59 денари.

Информацијата денеска ја сподели портпаролката на Владата, Марија Митева, која кажа дека намалувањето на цената следи по одлуката на Макпетрол АД Скопје, кој ја намалил малопродажната цена на плинот.

-Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од десет денари по килограм, што во пресметка значи приближно пет денари по литар, рече таа, посочувајќи дека цените на плинот на бензинските станици веќе се намалени за пет до шест денари по литар и се движат од 53 до 54 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести