Категорија: Редакција

Фатон Сељами избран за нов народен правобранител

Во македонското Собрание денеска за нов народен правобранител е избран Фатон Сељами. За негов избор „за„ гласаа 89 пратеници, а шест беа против. Сељами е од Тетово. Тој е дипломиран правник и магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит. Народниот правобранител го избира и го разрешува Собранието.

Прочитај повеќе

45-годишен маж најден починат во неговиот дом во Ѓорче Петров

Маж на возраст од 45 години вчера бил најден починат во неговиот дом во скопската општина Ѓорче Петров. Станува збор за П.Б. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Неговото тело е дадено на обдукција. Фото:

Прочитај повеќе

Виталиа ќе го поддржи мјузиклот „Као какао“, направен според музиката на Влатко Стефановски

Виталиа уште еднаш ја потврдува својата длабока и искрена поврзаност со македонската култура и уметност, овојпат како поддржувач на мјузиклот „Као какао“ – проект што уште од својата најава се позиционира како значаен културен настан од национално значење. Мјузиклот е создаден според музиката на еден од најголемите македонски музички уметници,

Прочитај повеќе

One Macedonia доби официјална лиценца за работа, првите повици преку операторот се очекуваат во 2027

One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Според законските обврски, со работа треба да започнат кон крајот на првиот квартал од 2027 година. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) дополнително ќе одлучува за префиксите кои ќе ги користат.

Прочитај повеќе

Знаењето што се споделува создава идни лидери: Македонија2025 ја продолжува Програмата за менторство и пракси

Македонија2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата. Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано

Прочитај повеќе

(Фото) ЕВН Македонија го започна проектот „PULSE“ за јакнење на улогата на жените во енергетската транзиција

Во просториите на ЕВН Македонија, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, кој е насочен кон јакнење на улогата на жените и унапредување на родовата инклузивност во енергетскиот сектор, информираа од таму. Со

Прочитај повеќе

Животот како одговорност: Фондација „Фросина Кулакова“ гради култура на грижа, правда и свесност

На 29. јануари, со почеток во 19 часот, во Станица 26, ќе се одржи донаторската вечер „Threads of Light“, настан со кој официјално ќе биде одбележан почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта ќе ги обедини уметноста, музиката и граѓанската свест во една заедничка порака за одговорност, грижа и

Прочитај повеќе

„Бекутан“детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба и глобална визија отсега достапна и во „Лидл“,Франција

„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција, информираа од Алкалоид АД Скопје. Препознатливата

Прочитај повеќе

Топлина, баланс и поддршка во зима – откријте кои производи од dm продавниците ја прават грижата за себе полесна

Зимските месеци носат посебен ритам – повеќе време поминато во затворен простор, пониски температури и поголема изложеност на сезонски настинки. Токму затоа, грижата за здравјето и благосостојбата станува уште поважна. Со мали, секојдневни навики и внимателно одбрани производи од dm продавниците, зимата може да се доживее како период на топлина,

Прочитај повеќе

(Фото) Авантури за сите генерации и за пролет и за зима: Што нудат тематските паркови во Анталија

Дека Анталија е „кралица“ на летните одмори и морските доживувања, е одамна прифатен факт. Но, оваа туристичка престолнина на Туркије, која се најде и меѓу Топ 10 дестинации според рангирањето на Euromonitor International Arrivals 2025, сѐ повеќе се наметнува како привлечно место и за зимските и пролетните месеци. Со концептот

Прочитај повеќе

Брзиот автобуски превоз во Скопје доби зелено светло од Владата и 70 милиони евра

Проектот брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје доби зелено светло од Владата. Станува збор за инвестицијата од 70 милиони евра, која ќе се реализира со заем од Европската банка за обнова и развој, а Владата средствата ќе ги пренесе на Град Скопје како неповратна поддршка. Проектот предвидува изградба на две

Прочитај повеќе

Има живот и без Европската унија, кажа хрватскиот претседател Милановиќ по средбата со Сиљановска Давкова во Загреб

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по средбата со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска Давкова, која е во посета на Хрватска, коментирајќи го долгиот европски пат на земјава меѓу друго рече дека има живот и без Европската унија (ЕУ) и дека тој е успешен и достоинствен, посочувајќи дека на Македонија ѝ се

Прочитај повеќе

Бесплатни анонимни групи за жени жртви на семејно насилство, жителки на Карпош

Општина Карпош во соработка со лиценциран психолог/гешталт психотерапевт, Тиана Ивановска, од следниот месец организира бесплатни анонимни групи за поддршка на жени жртви на семејно насилство (физичко, вербално, психолошко, емоционално, социјално и економско насилство), информираат од таму. „Проектот ќе ги опфати сите засегнати жени жртви на семејно насилство кои се жителки

Прочитај повеќе

Кои се добитниците на наградите за истражувачки стории „Никола Младенов 2025“

Првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2025“ ja добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“, за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката „Пулс“ и новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата за тајниот сопственик на агенцијата

Прочитај повеќе

Дизелот на „Макпетрол“ ќе се продава за цена три денари пониска од таа објавена од РКЕ

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика, водени услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), информираат од таму. -Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а

Прочитај повеќе

1,5 милион евра: Најскапата продадена куќа е во скопски Центар

Најскапата продадена куќа во Македонија лани била во скопски Центар. Како што покажуваат податоците од Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности за минатата година, истата е продадена за 1.5 милион евра. Според извештајот куќите учествувале со 13% во

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести