Проектот брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје доби зелено светло од Владата.
Станува збор за инвестицијата од 70 милиони евра, која ќе се реализира со заем од Европската банка за обнова и развој, а Владата средствата ќе ги пренесе на Град Скопје како неповратна поддршка.
Проектот предвидува изградба на две линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на CNG и хибридни нископодни автобуси, воведување на патнички информативен систем, паметни станици и интеграција во системот за управување со сообраќајот.
Рокот за завршување на проектот е февруари 2029 година.














