Автомобил удрил во полицаец во центарот на Скопје, додека бил на службена должност

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 09.11.2025 во 04:35 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Ленинова“ и улицата „Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (38) од Скопје, удрило во полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

-При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од таму.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести