Азир Алиу ќе биде нов министер за здравство, Албрим Хоџа нов заменик министер за земјоделство

Пратениците во понеделник ќе гласаат за нов министер за здравство и нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е познато кандидат на Владата за министер за здравство е Азир Алиу, кадар на поделената Алијанса за Албанците (АА) од крилото на поранешниот министер за здравство Арбен Тарвари, кој поднесе оставка и излезе од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азир Алиу е кандидат за нов министер за здравство

Тој е поранешен министер за информатичко општество и администрација.

Албрим Хоџа, кадар на коалицијата „Вреди“ пак е предложен за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој доаѓа на местото на Фљакрон Беџети, кадар на АА на Тарвари, кој поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Фљакрон Беџети

Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Арбен Тарвари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести