39-годишниот маж од Богданци со два ножеви и ножици ја убил мајка му: Морничави детали од Обвинителството

За да ја убие мајка му, 58-годишната М.С., 39-годишниот П.С. од Богданци употребил два ноежеви и ножици, информираа денеска од Основното јавно обвинителство Гевгелија, кое отвори истрага за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

39-годишен маж од Богданци ја убил мајка му, сам се пријавил во полиција

Како што е познато убиството се случи на 11. јануари во стан во Богданци, во кој двајцата живееле под кирија.

Пред убиството имало расправија за лекувањето на П.С., по што тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајка му во главата и вратот.

Ножот се скршил, па зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди. Откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот.

Од бројните убоди жената искрварела и починала.

Обвинителството за него бара притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести