Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Од утре тој ќе се продава по цена од 70,50 денари по литар.
Цените пак на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат.
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе чини 77,50 денари по литар, Еуросупер БС-98, 79,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство горење ќе се продава по цена од 72 денари по литар.
За 1,499 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и сега еден килограм ќе чини 40,188 денари.
Фото: Унсплеш