Паѓаат цените на бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ за еден денар се намалува цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за половина денар, цената на Еуродизел (Д-Е-V), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари по литар, на Еуросупер БС-98, 75 денари по литар, а на дизелот 68 денари по литар.

За половина денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) и тоа ќе се продава за 67,5 денари.

Цената на мазутот останува непроменета, и тој понатаму ќе се продава за 36,7 денари по килограм. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести