Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за половина, а на дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 74 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 76 денари за литар, а дизелот за 71 денар за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, 69,50 денари за литар, а цената на мазутот се зголемува за 0,856 денари, и сега ќе се продава за 36,913 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














