Дизелот поевтинува за еден денар, цената на бензините останува иста

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на дизелот ќе изнесува 69,5 денари за литар, „Еуросупер БС-95“ и понатаму ќе се продава за 75 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ за 77 денари.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести