Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 70,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 72,50 денари за литар.
Цената на Еуродизелот (Д-Е V) останува иста и тој понатаму ќе се продава за 64,50 денари за литар.
За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), и тоа ќе се продава за 64,50 денари за литар.
За 0,668 денари поевтинува цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм сега ќе чини 32,133 денари.
Фото: Унсплеш












